А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Отпис на долгови за повеќе од 50.000 граѓани

by А1он11/08/2014 - 10:40138
Share0

Постапката за отпис на долгови на најранливите категории граѓани се очекува да заврши до октомври, а се проценува дека ќе се опфатат меѓу 50.000 и 100.000 граѓани, што, пак, зависи од тоа колку ќе се пријават

Добивај вести на вибер

Компаниите кои сакаат да учествуваат во владината мерка за отпис на долговите на ранливите категории може да се пријават до денеска. Покрај ЕВН Македонија, Комерцијална и Тутунска банка, и Стопанска банка а.д. Скопје се пријави да учествува на повикот на Владата за отпис на долговите.

Одлуката, како што соопшти банката, ја донесе Надзорниот одбор на седница одржана на 30 јули годинава.

Целата постапка за отпис на долгови на најранливите категории граѓани се очекува да заврши до октомври, а се проценува дека ќе се опфатат меѓу 50.000 и 100.000 граѓани, што, пак, зависи од тоа колку ќе се пријават.

За отпис на долговите граѓаните ќе треба да поднесат барања во центрите за социјална работа во местото на живеење во рок од 30 дена од објавувањето на повикот од страна на Министерството за финансии. За прифаќање на барањето ќе одлучува посебна комисија формирана од министерот за труд и социјална политика.

Се предвидува да се отпишуваат долгови настанати заклучно со 31 декември 2013 година, а по основ на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, за кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити класифицирани во категорија Г и Д од страна на банките, кои не се обезбедени, како и за радиодифузна такса.

Инаку, со оваа мерка заедно со главниот долг предвидено е да се отпишат и каматите, како и трошоците за нотари и извршители, а за отпишаниот долг доверителите, односно банките, ЕВН, Топлификација ќе добијат право на даночен кредит во висина на одреден процент на долгот, кој нема да биде повеќе од 10 отсто од отпишаниот долг.

Мерката предвидува да се отпишуваат долговите на три најранливи категории граѓани, односно корисниците на социјална помош и постојана парична помош, невработени лица кои активно бараат работа подолго од 12 месеци и лицата кои се изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или инвалидност или потешка болест настанати во последните пет години.

Услов за првите две категории за да ја користат оваа мерка е да немаат остварено дополнителни приходи поголеми од 105.600 денари во 2013 година и да не поседуваат друг имот освен станот или куќата во која живеат.

vlada

Би можело да ве интересира

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Горан Наумовски13/10/2025 - 14:08

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Горан Наумовски07/10/2025 - 15:53

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски01/10/2025 - 07:1601/10/2025 - 07:18

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски24/09/2025 - 10:5724/09/2025 - 11:13

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски24/09/2025 - 10:0224/09/2025 - 11:14

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски11/09/2025 - 16:2111/09/2025 - 16:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен