Откупени 8.000 тони тутун, просечнатa цeна 185 денари

Од:

За 18 дена, од почетокот на откупот до денеска, се преземени 8.000 тони тутун со просечна цена од 185 денари за килограм.
 
Како што соопштија производителите на прес-конференција во Прилеп, откупот тече без проблеми и веројатно ќе заврши до 20 февруари. Се очекува и натамошно зголемување на просечната цена зашто високите берби се уште не се преземени. 
 
– Тутунарите се задоволни, достигнуваме добра цена што не значи дека не може да биде повисока и очекуваме барем за два-три денари да порасне, рече претседателот на Сојузот тутунските здруженија на Македонија Данчо Милески.
 
Годинава, додаде Милески, има помалку тутун. Барањето на откупувачите  од 25.700 тони не може да се постигне. До крајот на откупот може да се очекуваат уште 12.000 до 13.000 тони.
 
И во општина Крушево откупот е согласно предвидената динамика, а просечната цена 186 денари.
 
– До второстепената комисија засега нема приговори. Тутунарите очекуваат и натаму да расте просечната откупна цена зашто високоите берби се уште не се преземени. Општината произведува околу 1.650 тони тутун, а се откупени околу 40 отсто, истакна Илија Тодески, секретар на тутунското здружение „Братство“ од Крушево.
 
Во битолскиот регион досега се откупени половината од количествата тутун, а производителите се задоволни. 
 
– Откупот е 50 проценти завршен. Тутунарите се задоволни од просечната цена, 180 до 190 денари за килограм. Нема гужви и чекање и навреме се предава тутунот, нагласи Перо Ничевски, претседател на тутунското здружение „Тутуноберачите“ од општина Могила.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше

Во Прилеп се очекува да се интензивира откупот на тутунот

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Стомнароски: Откупот на тутунот нема да почне без зголемени цени