Откупена половина од родот на тутунот

Од:

Компанијата „Струмица табак“ до законскиот рок за почеток на откупот на тутунот, 15 декември, вчера, не достави бонитет, ниту ги отвори откупните пунктови во земјава, па договорениот тутун од оваа компанија ќе го преземат и ќе го платат другите лиценцирани откупувачи во Македонија, информира Државниот инспекторат за земјоделство.
 
Според директорот на Инспекторатот Цветан Трипуноски, вчера, 15 декември беше последниот рок за почетокот на откупот.
 
 
– „Струмица табак“ не достави бонитет во законскиот рок и не се отворени пунктовите за откуп. Компанијата „Центротобако“ пак, вчера во последен момент достави нова документација која инспекторатот денеска ќе ја разгледува и ќе одлучи што понатаму со лиценцата на оваа компанија. Оваа компанија има договорено околу 200 тони, вели Трипуноски.
 
Тутунот што требаше да го купи „Центро табак“, ќе го преземат и ќе го платат, нагласи, другите компании.
 
– „Струмица табак“ имаше договорено 2.300 тони тутун со околу 3.500 кооперанти. Тутунарите не треба да стравуваат зашто нивниот род ќе го откупат другите компании и ќе им се плати, рече Трипуноски.
 
Претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија Данчо Милески вели дека откупната кампања се одвива без проблеми. Родот е квалитетен, а досега осумте компании откупија половина од количествата по просечна цена од 193 денари.
 
– Нема никакви проблеми со откупот на тутунот. Досега се откупени 11.000 тони од околу 20.000 тони тутун по просечна цена од 193 денари за килограм. Нашите повереници и инспекторатот постојано се на терен. Досега нема оспорени количества тутун до второстепената комисија на ниво на Македонија. Ќе продолжиме да го следиме откупот до крајот. Со ова темпо до крајот на годинава и месецов ќе се откупат околу 13.000 тони, а останатите околу 7.000 тони тутун ќе се преземат по празниците, во јануари, истакна Милески.
 
Од Сојузот на тутунските здруженија велат дека нема проблеми ниту застој и во исплатата на откупениот род.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше

Во Прилеп се очекува да се интензивира откупот на тутунот

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Стомнароски: Откупот на тутунот нема да почне без зголемени цени