Откриени нови кражби на електрична енергија во Охрид, Ресен и Дебарца

Од:

Во новите контроли на ЕВН Македонија, МВР и истражните судии, откриени се 12 кражби на електрична енегија во Охридскиот регион. Направените 142 технички контроли на мерните места покажале дека 11 корисници ги манипулирале броилата, а еден корисник неовластено користел електрична енергија со премостување на броилото.

Како што соопшти ЕВН, со контролите се утврдени и 20-тина кражби на броила за кои е поведена и соодветна истрага. Против корисниците се поднесени пресметки за неовластено користење и кривични пријави. Со новите измени во кривичниот законик, оние кои го направиле ова кривично дело може да бидат осудени и на казна затвор до 5 години.

Од почетокот на годината, екипите на ЕВН Македонија во Охрид, Ресен и Дебарца од направените над 600 контроли, откриле над 58 кражби. Судска разрешница чекаат и 40-тина случаи кои се откриени на крајот на минатата година.

Во целата земја за првите два месеца се откриени 370 кражби, направена е штета од 650 илјади евра, а крадците „изгореле“ 4,5 милиони киловат часови електрична енергија. Од кражбите не е оштетена само ЕВН, туку и државата по основ на неплатен данок за украдената енергија. На голема опасност по животот и здравјето се изложени корисниците кои живеат во близина на кражбите, бидејќи често се случуваат експлозии и пожари.

Би можело да ве интересира

Левица: ЕВН легално ги краде граѓаните преку сметките за струја

Предраг Петровиќ

Дефект на трафостаница во Тетово, без струја околу 5000 корисници

Тројца велешани нападнале екипа на ЕВН

Горан Наумовски

МВР: Полициски инспектор крадел струја од бандера на ЕВН

Горан Наумовски

Без напон два далекувода за трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“, на терен екипи на Електродистрибуција

Предраг Петровиќ

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он