Откриени ниви со марихуана во тетовско

Од:

Полицијата вчера открила  3.230 стебла „канабис сатива“ на пет различни парцели во атарите тетовските села Непроштено и Лешок, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите информации пронајдените и искорнати стебла биле со големина од половина до два и пол метри.

Две од парцелите биле дополнително откриени при преглед на поширокото подрачје бидејќи тие биле земјоделски обработувани и засадени со пченка.

– Во координација со јавен обвинител, пронајдените стебла „канабис сатива“ се подигнати и донесени  во Секторот за внатрешни работи Тетово додека дел од нив ќе бидат испратени на вештачење. Се превземаат активности за утврдување кои се сопствениците или закупците на двете обработувани парцели, но и кога и како изникнале пронајдените стебла на другите три парцели, изјави Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Алиу: Продолжува контролата – уште три лиценци за марихуана ќе бидат одземени

Тошковски: Сите инволвирани во шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции