Откриени насилниците кои малтретираа малолетници во автобус на ЈСП

Од:

Полицијата ги откри лицата кои во изминатиот период извршија неколку насилнички напади во градски автобус број 57.

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека трите лица се на возраст од 18 и 19 години, а едно од нив и претходно било пријавувано за насилство на истата автобуска линија.

Кривичната пријава е поднесена против Б.Б. (18), И.Е. (19), и И.И (18) поради основано сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.

Во двата напади жртвите беа малолетници на возраст од 15 и 17 години кои се возеле во автобуси од населбите Козле до Радишани.

Насилниците Б.Б. и И.Е. на 10 август околу 02:40 часот го навредувале Ф.Б.(15), а потоа го удирале со боксови и клоци по главата и телото, а на 31 август околу 01,40 часот тројцата го навредувале Х.К.(17), а потоа и го удирале со боксови во пределот на стомакот.

Од страна на судија на сите тројца им е изречена мерка притвор во траење од осум дена.

Против Б.Б. од страна на СВР-Скопје е поднесена и кривична пријава под сомнение дека сторил кривично дело „насилство“ на 4 мај, а против И.Е. е поднесена кривична пријава за кривично дело „прикривање“ во 2012 година.

Според податоците на МВР, во првите шест месеци од годинава на подрачјето на Скопје регистрирани се 49 случаи на насилство. Од нив, 41 случај е целосно расчистен и пријавени се 105 лица. Од нив, 49 биле полнолетни, 52 малолетни, а 4 се деца.

Би можело да ве интересира

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он

Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Предраг Петровиќ

Албански државјанин ограбил две жени во автобус на ЈСП

Горан Наумовски

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Приватните превозници во Скопје повторно се исклучија од сообраќај

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели