А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Откриени два случаи на превезување дрва без потребна документација

by А1он15/06/2014 - 12:47104
Share0

Два случаи на превезување огревни дрва без потребната документација биле регистрирани од страна на тетовската полиција во изминатите два дена, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Следете a1on на Instagram Instagram

Првиот случај, посочи тој, бил забележан на 13 јуни изутрината кога на крстосниците од улиците „Тодор Ципоски Мерџан“ и „Гоце Делчев“ во Тетово од страна на полицијата бил запрен Голф со тетовски регистерски таблички во кој имало две засега непознати лица кои веднаш откако ги забележале полицајците го запреле возилото и избегале оставајќи го и возилото и исечените дрва.

– Голфот со дрвата е предаден на понатамошна постапка на шумската полиција, а било утврдено дека регистерските таблички припаѓале на друго возило. Вториот случај се случи вчера во Долна Лешница при што во џип Чироки без регистарски таблички што го управувал Ќ.А.(25) од Горна Лешница биле пронајдени 2,5 метри кубни огревни дрва за кои тој немал никакви документи, рече Јосифовски.

Тој потенцира дека од почетокот на годинава досега според полициските податоци има над 15 случаи во кои биле одземани огревно дрво за кое сторителите немале никакви документи. Според него, во гостиварско најголем број од овие случаи се забележани во селата Симница, Лакавица и месноста Митрови Крсти додека во тетовско овие случаи се на подрачјата на Џепчиште, Мерово и подрачјето во надлежност на полициската станица во Групчин.

Следете a1on на Youtube YouTube
mvr

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Катерина Ѓуровски30/10/2026 - 10:30

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он28/10/2026 - 17:3828/10/2026 - 17:52

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он28/10/2026 - 15:37

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски27/10/2026 - 13:46

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Катерина Ѓуровски22/10/2026 - 10:07

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он19/10/2026 - 20:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео