Откриени четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Од:

Четири комбиња превезувале патници надвор од државата без соодветна документација информира Министерството за внатрешни работи.

– На 19/20.01.2022 од полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, при контрола при влез во државата на четири комбиња за меѓународен превоз на патници, и тоа две „форд“, едно „мерцедес“ и едно „фиат“, од кои три со струмички и едно со скопски регистарски ознаки, управувани од Т.В.(25), П.В.(50), Ч.Т.(28) и М.П.(33), сите од Струмица, било констатирано дека возилата вршат меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација, се вели во соопштението од МВР.

Известени се инспектори од Одделението за инспекциски надзор на патниот сообраќај во рамки на Државниот инспекторат за транспорт при Министерство за транспорт и врски и се преземаат мерки за комплетно расчистувањ ена случаите.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Обезбедуваме брза лента за издавање на патни документи за професионалните возачи

Бизнис во Гази Баба: Превозници им наплаќаат на граѓани по 4.000 денари за кабаст отпад, а го расфрлаат на улица, наместо на Вардариште

Орце Костов

По објавата на „А1он“: Превозниците кои плаќаа казни за лиценца која не постои повикани на средби во економија и транспорт и врски

Орце Костов

„Се тресеме на граница како најголеми криминалци“: Државата казнува превозници за лиценца која ја нема во закон

Орце Костов

(Интервју) Ленин Јовановски: Од Арсовска зависи дали в петок Скопје ќе биде блокирано

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Приватни превозници: Данела лаже, кај неа во Град Скопје може да провери дали сме краделе

Орце Костов