Откриени 30 мигранти на местото „Лагот“ помеѓу железничка линија Неготино – Дуброво

Од:

Денеска во 11 часот, при прелет со хеликоптер на МВР, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ и инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Југ, на место викано „Лагот“ помеѓу железничка линија Неготино-Дуброво, откриле 30 лица мигранти, од кои осум лица од Пакистан, пет од Конго, четири од Мали, четири од Гамбија, три од Бурунди, две од Гвинеја, две од Камерун, еден од Сиера Леоне и еден од Уганда, извести МВР.

– Мигрантите ќе бидат пренесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он