Открени лицата кои недозволено ловеле во Националниот парк Јасен

Од:

МВР ги откри лицата кои минатиот викенд недозволено ловеле во внатрешноста на Националниот парк Јасен.

– По барање и пријава на ЈПУ-ЗПП Јасен – Скопје дека во внатрешноста на Националниот парк има поголема група вооружени лица со пушки, кои се движат во внатрешноста на паркот Јасен без поседување дозвола за движење во резерватот и вршат кривично дело недозволен лов, припадници на МВР излегоа на терен и асистираа во пронаоѓањ на групата, информира МВР.

Така, се додава во соопштението, минатиот викенд, поточно на 12 јануари околу 9 часот, групата е лоцирана но тие не ја послушале упатената полициска наредба да застанат и се упатиле во правец на село Тажево.

Во 10,00 часот, во селото Тажево,  со ловна ловна пушка на рамото што ја поседувал без дозвола затекнат е е Ѓ.Н. (52) од Македонски Брод, кој признал дека во напуштена куќа во селото има и уште една ловна пушка без документи. Пушката е пронајдена во една  од трите напуштени куќи во селото во кои се засолниле ловџиите кај лицето Б.С. (34) од село Сарадиново, Прилеп кој поседувал ловна пушка без документ, поради што заедно со лицето Ѓ.Н. се приведени и предадени во Полициската станица Кисела Вода.

Лицата Ч.С. (55), Б.Р. (51) и Б.Д. (46) сите од село Волково, Скопје,  и лицата И.Р. (37), А.М. (49), Г.П. (38), М.И. (39) и Ч. В. (52) сите од Скопје, како и Р.Б. (56) од село Блаце, Скопје, поседувале пушки наменети за лов, за што поседувале дозвола, но од страна на овластени лица од ЈПУ Јасен, пушките, вкупно единаесет, им се привремено одземени.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он