Откорнати 10 садници туи од зеленилото на булеварот „Никола Карев“

Од:

Во текот на вчерашниот ден непознати сторители откорнале 10 садници и оштетиле повеќе садници од видот туи (Juniperus Comunis), засадени во дрворедот од туи на булеварот „Никола Карев“, на потегот од касарната Илинден до семафорите кај Момин поток, соопштија денеска од Град Скопје.

Оттаму го осудуваат овој, како што велат, вандалски чин со кој е нанесена материјална штета, но и нагрдување на јавните зелени урбани површини, со оглед на тоа што зеленилото, особено дрвјата, придонесуваат за намалување на загаденоста на воздухот во нашиот град.

Од Градот апелираат до граѓаните да не ги оштетуваат зелените јавни површини, односно садниците во парковите и дрворедите, цветните фигури и цветните расади, коишто ги красат парковите и зелените површини низ градот, како и да не ја уништуваат урбаната опрема низ парковите.

Градот Скопје го пријавил овој вандалски чин во полиција, а МВР трага по сторителите. 

Би можело да ве интересира

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје