Откажани летови поради маглата и попладнево, намалена видливоста и на патиштата

Од:

Поради маглата во скопската котлина и попладневно поголемиот дел од предвидените летови на аеродромот „Александар Велики“ се откажани. Откажани се слетувањата од Истанбул, Цирих, Братислава и Малме, како и полетувањата за Белград, Истанбул, Цирих и Малме.

Според податоците од веб страната на концесионерот на аеродромот ТАВ Македонија откажан е летот од Виена на полноќ и полетувањето кон Виена за утре наутро.

И сообраќајот по државните патишта се одвива со намалена видливост од маглата од 50 до 100 метри на патниот правец Скопје – Миладиновци, додека видливоста на патниот правец Скопје-Катланово е од 100 до 150 метри.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничниот премин Дојран поради зголемена фреквенција има задржувања околу половина до еден час. На останатите граничните премини, освен на граничниот премин Богородица, кој е затворен за сообраќај поради блокада на грчките земјоделци на Евзони, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Би можело да ве интересира

На Плетвар магла, на Ѓавато слаб снег

Намалена видливост од магла во Крушево и на премините Стража и Плетвар

Поради магла намалена е видливоста на патот Тетово-Гајре, како и на Стража и Плетвар

Намалена видливост поради магла кај Неготино, Демир Капија и Катланово – Велес

Намалена видливост до 30 и 50 метри кај Неготино и Демир Капија

Поради магла намалена видливост кај Неготино до 30 метри и Демир Капија до 50 метри