Откажани и пренасочени летови од скопскиот аеродром

Од:

Поради исклучително густата магла што сè уште е присутна во скопскиот регион, авиокомпаниите одлучија да ги пренасочат, одложат или откажат своите летови до и од аеродромот „Александар Велики“, соопшти денеска „ТАВ Македонија“, концесионер на скопскиот аеродром.

Според Тав Македонија, од 20 часот вчеравечер до осум часот утринава се пренасочени два, а откажани се шест летови. Од компанијата истакнуваат дека и покрај одложувањата и откажувањата предизвикани од временските услови, патниците мора да пристигнат на аеродромот со цел да го регулираат правото на купениот авионски билет.

„ТАВ Македонија“ ги упатува патниците сите детали за промените во редот на летање да ги обезбедуваат преку веб-страницата на скопскиот аеродром http://skp.airports.com.mk, да ја контактираат Службата за информации на телефонскиот број 389 (0) 2 3148 333, или, пак, да стапат во контакт директно со авиокомпаниите кои одлучуваат за одложување или за откажување на летовите.

– „ТАВ Македонија“ е во редовен контакт со надлежните институции во авиосообраќајот, го следи развојот на состојбата околу временските услови и секоја евентуална промена ќе ја објави на веб-порталот на „Александар Велики“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени

Левица: Аеродромска чаршија – ново економско јадро во Аеродром!