Откако кажа дека се повлекла од претресот во кафулињата, Пауновски вечерва со фалби за полицијата

Од:

Државниот пазарен инспекторат информира дека денешната изјава на директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски која била пренесена во дел од медиумите, а во врска со акцијата на МВР и инспекторатот во неколку кафулиња вчеравечер, била извадена од контекст. Во соопштението не се наведува која изјава и кој медиум ја извадил од контекст.

„Би сакале да појасниме дека начинот на кој е пренесена изјавата, создава впечаток како Државниот пазарен инспекторат да ја доведува во прашање професионалноста и стручноста на припадниците на Министерство за внатрешни работи. Жалиме што ваквиот начин на пренесување на информациите нанесе штета на угледот на Министерството за внатрешни работи со кое Државниот пазарен инспекторат имаше, има и понатаму ќе има соработка на највисоко ниво во извршувањето на работите и задачите од надлежност на двете институции, а посебно во овој период на битката со пандемијата Ковид 19. Битката против вирусот е заедничка, и затоа сите институции што сме вкучени и во следниот период ќе постапуваме координирано во извршувањето на задачите“, се вели во соопштението.

Инаку, утринава, директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, за „А1он“ изјави дека во вчерашната акција, полицијата се однесувала „како да ги штити лицата кои биле затекнати во Станица 26, односно во Три кичен бар“.

Изјавата на Пауновски која ја даде за А1он повторно ја пренесуваме во целост:

„Кога инспекторите дошле во 12-12:10, полицијата се тргнала, си заминале, едноставно како да ги штителе. Службениците рекле демек не знаеле како да влезат, а тие ги гледаат внатре, исклучиле светло и седат внатре. Едноставно, како да ги штителе. Инспекторите останале тука уште половина час и виделе дека од ‘Три кичен’ се префрлиле во ‘Станица’. Инспекторите биле упорни, седеле, а кога почнале да излегуваат им дозволиле да влезат. Направиле записник во ‘Станица 26’ и е затворен. Тие се две споени. Едното можевме да го затвориме“.

Би можело да ве интересира

Трговците вадат нови производи, сакаат да ја „прескокнат“ Одлуката за маржите, ќе има казни

Од денеска казни на маркетите кои нема да ги намалат цените

Катерина Ѓуровски

Пазарен инспектор од Струмица земал мито, во притвор е

Катерина Ѓуровски

ДПИ за една недела извршил над 600 надзори и издал 110 прекршочни налози

Ана Ололовска

Над 250 платни налози изречени при контролите на Пазарниот инспекторат во првата половина на мај

Ана Ололовска

ДПИ: При вчерашните контроли на „Кванташки“ изречени парични казни од над 580.000 денари и 30-дневни забрани за вршење дејност

Ана Ололовска