Отфрлена кривична пријава за изборни нерегуларности​ на државниот референдум во 2018

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово донесе решение со кое ја отфрли кривичната пријава поднесена од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за сторени изборни нерегуларности против повеќе претседатели, заменици-претседатели и членови на избирачките одбори во општините Желино и Боговиње, против непознати лица кои помагале со поттикнување, помагање и соизвршителство, како и против полициски службеници кои ја вршеле својата службена должност на обезбедување на избирачките места за време на гласачкиот процес за Референдумот на 30.09.2018 година.

Јавното обвинителство денеска соопшти дека според наводите од пријавата, пријавените се товареа за кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „несовесно работење во службата“, „злоупотреба на избирачко право“, „изборна измама“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „повреда на тајноста на гласањето“.

-Јавниот обвинител кој постапуваше во предметот презеде дејствија за проверка на наводите во пријавата, при што ги сослуша пријавените лица и ја прибави целокупната документација од надлежните органи, меѓу кои Министерството за внатрешни работи и Државната изборна комисија. По преземање на дејствија за прибирање материјални и вербални докази во предметот, надлежен јавен обвинител утврди дека записниците на избирачките одбори од спроведеното гласање на државниот референдум се уредно пополнети и потпишани од претседателите и членовите на одборите без притоа да биде наведено дека имало какви било нерегуларности и неправилности во гласањето. Наведеното во записниците е потврдено со изјави дадени од сите осомничени. Нерегуларностите не биле констатирани ниту од други лица кои биле ангажирани за следење на изборите, како што се набљудувачите од МОСТ. Во дадените изјави, полициските службеници кои на изборниот ден ги обезбедувале избирачките места истакнале дека на денот на изборите немало ситуација од која би произлегла потреба да реагираат во поглед на преземање на службени дејствија за пријавување и отстранување неправилности, наведуваат во соопштението.

По анализа во предметот, се додава, надлежниот јавен обвинител утврди дека нема каков било материјален или вербален доказ за потврда на наводите од поднесената пријава, по што одлучи истата да ја отфрли од причини што во дејствијата на пријавените лица не се содржани елементите на кривичните дела кои им се ставаат на товар ниту пак во нивните дејствија се содржани елементите на некое друго кривично дело за кое се гони по службена должност.​

Би можело да ве интересира

Дисциплинската комисија утврди крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје, се бара негово разрешување

Апелација ги уважи жалбите на Обвинителство и им определи ефективен 30 дневен притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Обвинителството нареди, а полицијата го уапси бизнисменот Ристо Крмзов

Двајца браќа и нивен пријател се осомничени за убиство во Скопје

Обвинителството отвори предмет за деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир