Отежнато движењето на патниот правец до Голак

Од:

Снежните врнежи кои паѓаа во изминатите 12 часа го отежнаа движењето на патот од Делчево до планината Голак. Како што информираат од Македонија пат подружница Штип со расчистувањето на снегот на патот кој води до Голак ќе се започне по отстранување на дефект на едно од возилата кои се задолжени за таа намена.

-Точно е дека на патниот правец од Делчево до Голак се уште има снег на коловозот. Малку се доцни со неговото расчистувањет поради дефект на едно од возилата, па во моментот не сме во можност да започнеме со активности за расчистување на снегот на овој патен правец, велат од Македонија пат – Делчево.

Во меѓувреме останатите возила работат на расчистување на останатите патни правци од Делчево кон соседните градови и граничниот премин Делчево.

-Останатите возила кои ни се во функција од утрово работат на расчистување на патните правци Делчево – Каменица, Делчево-Берово и Делчево-Граничен премин. На овие сообраќајни правци сообраќајот се одвива по чисти коловози, додаваат од дежурната служба на Македонија Пат од Делчево.

Снегот кој го зафати североисточниот регион не предизвика посериозни потешкотии во сообраќајот кој сепак се одвиваше во зимски услови и со намален интензитет. Снежната покривка во Делчево изнесува 1-2 сантиметри додека околу пет сантиметри снег изнесува снежната покривка во Малешевијата. На планината Голак висината на снежната покривка е помеѓу 10-15 сантиметри.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска