Во прекин сообраќајот на патот Кичево-Охрид, одложени повеќе летови

Од:

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива отежнато и во зимски услови и со големи остатоци од снег по коловозите. Во прекин за сите возила е  сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека, а на патните правци Скопје-Велес и Велес-Катланово е отежнат и забавен во долга колона.

Поради големи остатоци од снег забрана за тешки товарни возила има на патнитe правци: Тетово – Попова Шапка, Маврово – Дебар – Струга, Струга – г.п. Ќафасан, Крива планака – г.п. Деве Баир, на планинските премини Стража, Буково и Ѓавато.

Забрани за тешки товарни возила има и на регионалните патни правци Тетово-Брвеница-Чегране-Гостивар, Сарај-Тетово, Тетово-Пирок-Гостивар, Теарце-Јегуновце-Радуша и Желино-Јегуновце. На патниот правец Тетово – Јажинце е задолжителна употреба на зимска опрема за сите видови на возила. На патниот правец Вратница – Јажинце, поради силен ветар и наноси од снег на коловозот, не се препорачува движење на тешки товарни возила

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од Скопскиот аердодром утрово реализирани се летови кон Рим и кон Загреб. Одложени се летовите за Париз, Бергамо, Истанбул, Базел и Келн. 

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози