Отежнат сообраќај кон Штип и Кочани, забрана за камиони на планинските премини

Од:

Според последните информација од „Македонија Пат“, поради силен ветар и наноси од снег, делницата Велес – Штип и Кочани, кај Лозово, Сарамзалино и Крупиште, доколу нема исклучителна потреба, се препорачува да не се користат.

Ветерот го носи снегот на коловоз и целосно ја намалува видливоста. Екипите на „Македонија Пат“ од ноќта се на терен и работат со градежна механизација за расчистување од снегот.

На патниот правец Штип – Кочани, сообраќајот за сите возила се одвива наизменично по една коловозна лента.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските премини Стража, Маврово, Ѓавато, патен правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир и патниот правец Велес-Катланово.

Поради снежни наноси има забрана за сообраќај на магистралниот пат Штип – Радовиш кај местото Калимерово.

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите, по интервенција на екипите на „Македонија Пат“.

Од АМСМ препорачуваат исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, а оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

ВИДЕО: Дождот направи поплави во Велес, небото се спушти и над Скопје