„Еден ден после 27 април Богдан ми се исповеда дека не било намерата да се влезе во Собранието“, рече отец Пимен кој денеска беше сведок предложен од обвинетиот Богдан Илиевски на судењето за крвавиот четврток.
Во сведочењето, отецот Пимен кажа дека со Богдан се запознал на социјалните мрежи, станале пријатели и бил негов духовен водич.
„Учеството на протестите го правеше без никаков паричрн надоместок и без намера за напредок во кариерата. Богдан на 28 април еден ден после настаните ми рече дека треба да се врати угледот на „За заедничка Македонија“, сведочеше отецот Пимен.
Сведокот пред судот кажа дека обвинетиот Богдан Илиевски на протестите го смирувал народот и го чистел ѓубрето после протестите од улиците.
Илиевски предложи пет сведоци меѓу кои и Сотир Костов, кој поради болест не дојде на денешното судење, па беше повлечен од листата на сведоци.
Васко Маглешов