Отчет на Арифи за сработеното во изминатите 100 дена

Од:

Повеќедимензионален развој на Тетово, враќање на довербата во општината како институција која им служи на граѓаните и поставување темели на транспарентно и одговорно работење се клучните цели на градоначалникот Теута Арифи која денеска на прес-конференција ги претстави резултатите од работењето во првите 100 дена по доаѓањето на функцијата.

Според Арифи, општината наследи хаотична состојба со вкупен долг од 8 милиони евра поради што е спроведена ревизија и се раскинати договорите склучени на штета на општинскиот буџет и тетовските даночни обврзници. Ревизијата се уште не е завршена, но веднаш штом финишира, предметите кои имаат елементи на кривични дела ќе бидат доставени до правните органи.

– Свесни сме за предизвиците што не очекуваат во правец на градење и модернизација на нашиот град и веруваме дека со волја, работа и посветеност ќе успееме во нашите цели нудејќи им на нашите граѓани видливи и конкретни резултати. Максимално ќе работиме и на трансформирање на општината во одговорна, стабилна и транспарентна институција која работи за доброто на градот и им служи на нејзините граѓани, рече Арифи и додаде дека привршува процесот на реорганизација за поефективна и професионална администрација.

Осврнувајќи се на зафатите во инфраструктурата, Арифи истакна дека во изминатите 100 дена се санирани 65 отсто од уличните дупки во градот, поправени се околу 150 шахти, саниран е локалниот пат од регионалниот Тетово-Попова Шапка до село Шипковица и со бекатонски плочки е изграден патот за ученици од училиштето до центарот на селото Бродец во должина од 300 метри и 4 метри широчина.

Изградена е фекална канализација на улица 165 во должина од 30 метри, пуштен е во употреба јавниот затворен паркинг Б5 на улица 133 БУ54, поправена е уличната вертикална сигнализација, се преземаат и акции за чистење на градот.

– Минатата недела почнаа работите за реконструкција на булеварот Илирија, а со истата динамика за подобрување на патната мрежа ќе продолжиме и во наредните четири години. По подолго време, повторно почна редовното миење на градските улици, успеавме да го одржиме во исправна состојба системот за водоснабдување, го средивме со чакал патот кон регионалната депонија Русино,…, информира Арифи.

Локалната власт, подвлече, е свесна за големиот културен потенциал, но и за недостатокот на иституционалната подршка за културен развој на градот поради што годинава беше организирано тетовското Културно лето „10 ноќи поинаку”.

Би можело да ве интересира

Тетовец остана и без пари и без возило

(ВИДЕО) Сестрата на Теодора: Само две години за тој што ја уби, колку вреди животот во Македонија

Две години затвор за Менсур Пајазити кој ја прегази 22-годишната Теодора

Катерина Ѓуровски

Шаќири: Струјата од трафостаница до модуларната болница во Тетово е направенa од две неквалификувани лица од тетовската болница

Горан Наумовски

„Ќе и кажам на твојата сопруга дека детево е твое“ – тетовка го уценувала вонбрачниот партнер

Тетовските социјални работници побараа поголема заштита од надлежните служби