Осветување и отворање на новата црква „Св.Јован Крстител“ во Аеродром

Од:

Со голем црковно-народен собир денеска ќе биде осветен и отворен новиот црковен храм „Св. Јован Крстител“ во општина Аеродром, изграден со донација на градежната компанија Адора Инженеринг и ктиторот проф. д-р Ванчо Чифлиганец.

Осветувањето ќе го изврши поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан со митрополитите: брегалнички Иларион, тетовско-гостиварски Јосиф, кумановско-осоговски Јосиф, епископот Хераклејски Климент и повеќе свештеници на МПЦ, во присуство на ктиторот д-р Чифлиганец, градоначалници, претставници на државните институции, бизнис личности и голем број православни верници и граѓани на Скопје и Македонија.

Новиот храм „Св. Јован Крстител“, кој две години се градеше на атрактивна локација, во паркот со авион во општина Аеродром, на Кејот на реката Вардар, е петкуполна црква со специфична, древна архитектура, а во комплексот има камбанарија, фонтана и парк.

Свеченото отворање на црковниот храм „Св. Јован Крстител“ во општина Аеродром, ќе биде збогатено со културно уметничка програма со настапи на познати имиња од црковната, народната и забавната музика.

Би можело да ве интересира

Aеродромот Шарлроа во Брисел е најлошиот аеродром во светот

Горан Наумовски

Девојка од Петровец била истепана во Аеродром

Авион итно слета на аеродромот во Белград: Патникот почина, му се слошило на летот од Германија

Уапсен турски државјанин на скопскиот аеродром, со фалсификувани визи сакал да влезе во Македонија

А1он

Жена нападната на Меѓународниот аеродром во Скопје

Тепачка во Аеродром: Бабата со тврд предмет го нападнала зетот