Осуммина повредени во вчерашната сообраќајка во Тетово

Од:

 Осум лица биле повредени во сообраќајката што вчера попладне околу 18 часот и 30 минути се случила на крстосницата од улиците „Штипска“ и „116“ во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

 – Во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило„Форд мондео“ со странски регистерски таблици што го управувал тетовецот М.Р.(24) и „Југо“ со тетовски таблици управувано од Р.В.(26) исто така од Тетово. Во несреќата телесни повреди задобиле двајцата возачи, двајца сопатници од „Фордот“ и четворица од „Југото“. Сите повредени биле пренесени во тетовската клиничка болница каде им била укажана лекарска помош. Тројца биле задржани за натамошно лекување додека другите се пуштени дома, рече Јосифовски.

Тој додаде дека извршен е увид и се утврдуваат причините за несреќата во која вкупната материјална штета се проценува на 40 илјади денари.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје