Осумдесет години од погромот и прогонот на битолските Евреи

Од:

Големиот погром и прогон на битолските Евреи е извршен утрото на 11 март 1943 година кога во Треблинка беа депортирани 3.351 жители на градот.

Според сочувани списоци депортирани беа 973 семејства, или едно семејство со 12 членови, две семејства со 11 членови, четири семејства со 10 членови, четиринаесет семејства со 9 членови во семејството… а најмногубројни биле семејствата со 3 или 2 членови во семејството кои пеш биле однесени до Железничката станица во Битола и каде со последниот претрес им биле одземени златните прстени, часовници, бисери и друг накит.

Во списокот на депортираните во Треблинка се и 129 ученици и 115 ученички, родени во иста година, и сите депортирани во ист ден. Во Главните ученички книги од учебната 1942-1943 година што се чуваат во битолскиот Историски архив, на страницата на ученици Евреи, тогашните одделенски раководители напишале „Иселен на 11.03.1943 год.“, за како што нагласуваат хроничари, да се скрие насилството врз Евреите гимназијалци од Битола.

Како што е познато масовното населување на Евреи во Битола е регистрирано во 1497 година, а нивните огништа згаснаа со депортацијата на 11 март 1943 година.

Би можело да ве интересира

Се зголемува бројот на антисемитски инциденти во Германија

Горан Наумовски

Во Скопје се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

(ВИДЕО) 60 лица се уапсени откако толпа упадна на аеродром во Русија и бараa Евреи

Горан Наумовски

Еврејската заедница ќе го одбележи Јом Хашоа – Националниот комеморативен ден на Израел

Ана Ололовска

Десница: Длабока почит кон македонските Евреи

Ана Ололовска