Осумчлена банда украла се од фирма во Скопје, крадените предмети ги товареле во камион

Од:

МВР поднесе кривична пријава против Л.К.(64), П.М.(24), Д.П.(25), М.Ј.(26), В.Р.(24), А.Ѓ.(23), Т.Л.(23) и П.Н.(24), сите од Неготино, поради постоење основи на сомнение дека во периодот од 23 до 26.6.2023 извршиле „тешка кражба“ во фирма на подрачјето на Кисела Вода, при што одзеле компјутери, бироа и друга компјутерска и канцелариска опрема, со што се стекнале со противправна имотна од околу 950.000 денари.

„По преземени мерки од страна на полициски службеници од Кисела Вода на 28.6.2023 на подрачјето на Кисела Вода, при извршен преглед во товарно возило со неготински регистарски ознаки, управувано од Л.К., украдените предмети биле пронајдени, а Л.К. бил уапсен. Со него бил извршен службен разговор, а одземените предмети биле вратени на сопственикот. Од страна на полициски службеници од ОВР Неготино бил извршен разговор со останатите седум лица кои во целост го објаснуваат начинот на кој го извршиле кривичното дело и тие се опфатени со кривичната пријава“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Двајца кавадарчани оштетиле брави, електронски читачи и катанец на сандачиња од перална

Горан Наумовски

Фатени двајца крадци – едниот крадел во фирма, другиот во приватни домови

(ВИДЕО) Снимка од грабежот во скопско Црниче, крадците го изнесуваат сефот

Орце Костов

Двајца крадци украле метален сеф во кој имало пари и златен рачен часовник „Ролекс“ како и други предмети

Горан Наумовски

Двајца мажи краделе во туристички капацитети и викенд-куќи во Дојран

Близу Вуковар: Двајца крадци украле дури 35 тони пченица