Осум сообраќајки за еден ден во Скопје, повреден пешак

Од:

Осум сообраќајни незгоди се евидентирани вчера во Скопје,  при што во една со полесни телесни повреди се здобил пешак, а седум се со последица материјална штета.

Сообраќајната полиција во изминатте 24 часа санкционирала 26 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, 11 кои не користеле безбедносен појас или зборувале на мобилен телефон при возење, девет возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 16 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорите за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 83 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни активности во ОУ „Лиман Капан“ кое се наоѓа во населеното место Љуботен, со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он