А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Осум сообраќајки во Скопје во изминатите 24 часа

by А1он17/09/2014 - 09:32101
Share0

На подрачјето на Скопје во изминатите 24 часа сообраќајната полиција извршила увид во осум сообраќајни несреќи, при што патник во автобус се здобил со телесни повреди.  Во седум  сообраќајки е предизвикана мала материјална штета и е пополнет Европски извештај.

Добивај вести на вибер

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала 18 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив, 10 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 24 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, девет возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 18 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ се отстранети 48 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамки на кампањата за зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата „Почитувај ги правилата, почитувај го живото“, што ја започна Владата на Република Македонија, Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни предавања во градинката „Весели цветови“ која се наоѓа на територијата на општина Кисела Вода.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај во рамките на сообраќајно-воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативни работилници во основните училишта „Св. Кирил и Методиј“ и „Гоце Делчев“ кои се наоѓаат во општина Центар со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

soobrakajka

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски04/03/2026 - 13:5304/03/2026 - 13:55

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Горан Наумовски23/02/2026 - 13:11

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 14:5122/02/2026 - 15:56

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:04

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски16/02/2026 - 11:1516/02/2026 - 14:58

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он14/02/2026 - 08:3614/02/2026 - 08:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен