Осум сообраќајки вчера во Скопје, тешко повреден мотоциклист

Од:

Возач на мотоцикл е тешко повреден, а шест лица се здобиле со полесни повреди во пет од вкупно осум евидентирани сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Три сообраќајки се со последица материјална штета.

Како што информираат за МИА од СВР Скопје, сообраќајната полиција санкционирала 11 возачи  за брзина поголема од дозволената, двајца кои поминале на црвено сметло на семафор,   седум при возење користеле мобилен телефон, десет биле без возачка дозвола односно со нерегистрирани возила, а 29 за непрописно паркирање возила.

Вработените во МЗТ Леарница АД Скопје денеска со почеток  во 12 часот ќе оддржат протест пред Собранието и пред Владата  на бул. „Илинден“ и пред други објекти во централното градско подрачје.

Утре  во 17:30 мин во спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамки на  Лигата  на шампионите ќе се одигра маѓународен ракометен   натпревар помеѓу ракометниот  клуб „Вардар“  и „Рајнекен левен“ од Германија. Натпревар во Лигата на шампиони е најавен и за задутре со почеток во 17:30 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“  помеѓу РК „Металург“  и РК „Татран Прешов“.

Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот СВР Скопје најавува дека ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а доколку има потреба сообраќајот може да биде пренасочен.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени