Осум сообраќајки вчера во Скопје, повредени четири лица

Од:

Четири лица се полесно повредени во четири од вкупно осум регистрирани сообраќајни незгоди во изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје. Останатите четири незгоди се со последица материјална штета.

Како што информира самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.

Дванаесет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, осум возачи поминале на црвено светло на семафор, како и 12 возеле без сигурносен појас или користеле мобилниот телефон.

Санкционирани се и четворица пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор за пешаци.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 78 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ одделение во ОУ „Васил Главинов“, општина Чаир.

Пред зградата на Владата на бул. „Илинден“ за денеска во 10 часот е најавен мирен протест на поранешните вработени во ОХИС. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он