Осум пожари се активни низ Македонија

Од:

Осум пожари се активни низ Македонија до 8 часот, информира Центарот за управување со кризи.

Активен е пожарот во Националниот парк „Јасен“ и е зафатена висока букова шума. Во пожарот кај местото викано „Дуња“, гори сува трева и смрека. Таму Шумското стопанство „Караџица“ ја следи состојбата на терен. Сува трева и грмушки горат и во пожарот кај местото Добридолски Рупи во атар на село Патишка Река, кој се појави вчера и е се уште активен.

Активен е и пожарот кај село Ореше, во местото викано Орешко Петле. Тој се проширил кон повисокиот дел од планината кон местото Орешка Чука и кон Богомила и е активен во превец на прилепска територија. Зафатена е млада сеча, даб, бука и бор.

Активни се и пожарите на планината Кожуф на место Оков рид, општина Гевгелија, како и во реонот на село Добровени, општина Новаци, каде што гори трева, нискостеблеста и високостеблеста шума и се движи кон местото викано караула Мандич. На некои места гори и на територија на Грција. Пожарот кај место викано „Радуч“ на планина Јабланица е се уште активен и е проширен на територија на Албанија.

Пожарот кај село Вратница во општина Јегуновце е се уште активен и се шири кон атарот на село Беловиште.

Во гаснењето на пожарите учествуваат екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, од подрачните шумски стопанства и од територијалните противпожарни единици. Од некои општини е побарана интервенција од авионите на ДЗС.

Вчера се ставени под контрола пожарите во месноста „Митрови Крсти“, во општина Гостивар и во атар на село Стенче во општина Брвеница. ЛОкализирани се и: пожарот во атарот на село Зајас, пожарот на планината Готен, кај местото викано „Папино“ (општина Василево) и пожарот во месноста Царевиќ, Дрен и Беловодица (општина Прилеп).

Би можело да ве интересира

Голем пожар избувна во индустриска зона во Нови Пазар

А1он

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани

Младиот Стивен Ивановски меѓу починатите во пожарот во Кран Монтана

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Едногодишно дете настрада во пожар што избувна во куќа во Призрен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку 16 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Индонезија

Горан Наумовски