Осум пожари беснеат во Македонија

Од:

Во Македонија се уште се активни осум пожари. И покрај сите напори, пламените јазици не мозат да се „скротат“ и да се стават под контрола.

Пожарот во атарот на селото Вражале кај место викано Рамни Габер, општина Зелениково, се уште е активен кон месноста Попово Гумно на планината Китка.

Зафатена е ниска мешана шума, а за гаснење во текот на вчерашниот ден се интервенираше и од воздух при што е изгасена околу една третина од пожарот.

Како што информира Центарот за управување со кризи, нов пожар е појавен и во атарот на скопското село Никиштани каде што гори сува трева и мешана шума. На терен се ангажирани две противпожарни возила со 6 пожарникари.

Пожарот во атарот на село Стрима, општина Липково, во текот на вчерашниот ден се прошири во правец на село Рнковце. Зафатена е нискостеблеста жбунеста шума и сува трева на површина од околу 400 хектари. Ангажирани се две лица од Дирекцијата за заштита и спасување, девет лица од Шумското стопанство и 12 лица од републичките сили за заштита и спасување.

Вчера попладне регистриран е пожар во Националниот парк „Маврово“, над скијачките терени. Зафатена е сува трева и ниски жбунови. Од утрово на терен се излезени 15 вработени од НП „Маврово“. Во текот на денешниот ден се очекува овој пожар да се локализира. Пожарот во атарот на велешкото село Дреново е локализиран, додека во месноста „Бреза“ и село Рлевци повторно е реактивиран. Во реонот на „Бреза“ зафатена е сува трева и грмушки, додека во реонот на село Рлевци, кај местото викано Вирови, гори сува трева и нискостеблеста шума.

Во текот на ноќта појавен е пожар и во атарот на велешкото село Горно Јаболчиште. Зафатена е стара сеча од 1994 година на површина од 3 до 4 хектари. Теренот е тешко пристапен и поради тоа побарана е интервенција од воздух. За гасење на овој пожар од утрово е ангажирано месното население.

Пожар е регистриран во месноста Прашник, Кавадаречко со кој е зафатена борова шума. На терен се излезени 50 лица од Шумско стопанство.

Од утрово повторно е реактивиран и пожарот кај село Црешново, општина Македонски Брод. Во моментов за гасење интервенираат лица од Шумското стопанство „Сандански“.

Локализиран е пожарот кај селото Одри, општина Теарце, каде што гори ниско стеблеста шума, и со кого е зафатена површина од 10 хектари.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски