Осум повредени во десет сообраќајки во Скопје

Од:

Осум лица се здобиле со лесни телесни повреди во шест од вкупно 10 сообраќајки што се случиле во изминатото деноноќие во Скопје, а во четири била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Педесет и шест возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, осум возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаците на пешачки премин, седум неправилно се престројувале, тројца возачи за неправилно престигнување, како и еден возач за некористење заштитен шлем на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл. Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.

Од сообраќај биле исклучени седум возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 19 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, тројца возачи почетници, како и 15 нерегистрирани возила. Затекнати биле 71 непрописно паркирано возило.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 61 возило.

Денеска биде одржана и посебна воспитна мерка – сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен и појас).

Одделението за превенција при СВР Скопје во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска ќе реализира едукативна работилница со децата од средна и голема група во детската градинка „8 Март“’, објект „Зеленика“, која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош