Осум повредени и голема материјална штета во три сообраќајни несреќи во тетовско

Од:

Осум повредени лица од кои двајца потешко и вкупна материјална штета од околу сто илјади денари, се последиците од трите сообраќајни несреќи предизвикани од неприлагодена брзина што се случиле вчера во тетовско, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Несреќата со најмногу повредени, пет лица се случила околу 21 часот и 30 минути на локалниот пат што ги поврзува тетовските села Камењане и Горно Седларце во близина на автопатот Тетово-Гостивар откако се случило излетување од коловоз на патничко возило „Ауди“ со тетовски регистерски таблици управувано од И.И.(27) од Горно Седларце.

– Од излетувањето на возилото што завршило во канал за наводнување возачот и четворица сопатници Е.И.(21), А.И.(21),Ф.И.(40) и Ш.С.(21), сите од Горно Седларце, се здобиле со телесни повреди и со други возила биле пренесени во тетовската клиничка болница. По укажаната помош сопатникот Ф.И. со тешки телесни повреди бил префрлен на скопските клиники, додека другите биле пуштени на домашно лекување. Материјалната штета се проценува на педесет илјади денари, рече Јосифовски.

Две повредени лица има во сообраќајката што се случила околу 11 часот и 40 минути на на регионалниот пат Тетово-Пирок во Долно Палчиште. Во несреќата учествувале две патнички возила со тетовски регистерски таблици „Сеад кордоба“, управуван од Н.К.(24) од Тетово и „Голф“ со кумановски таблици што го управувал 53-годишниот тетовецот Ф. И.(53). При судирот возачот на „Голфот“ се здобил со тешки телесни повреди и бил задржан во тетовската клиничка болница како и а 11-годишниот сопатник кој исто така била задржан на болничко лекување бидејќи имал телесни повреди. И во овој случај материјалната штета се проценува на околу 50 илјади денари.

Во последната вчерашна сообраќајка што се случила околу 15 часот на улицата „142“ во Тетово со телесни повреди се здобила З.Р.(49) од Тетово откако додека пешки се движела била удрена од патничко возило „Голф“ со тетовски таблици управувано од тетовецот И.С.(41).

Повредената била пренесена во тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош била пуштена дома.

Според првичните податоци од увидите извршени на местата од трите сообраќајни несреќи причина за сите овие инциденти е неприлагодена брзина според условите на патот, посочи Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Маж од Тетово заработи кривична од МВР откако ја истепал сопругата

Рестрикции на вода во Тетово

Катерина Ѓуровски

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

19-годишно момче е осомничено за убиство на 16-годишен малолетник

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година