Осум нови училишни спортски сали до крајот на годината

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска најави дека до крајот на годината ќе бидат пуштени во употреба уште осум нови училишни спортски сали.

„Проектот за спортските сали е поделен во два дела. Во делот на Агенцијата за млади и спорт, каде тргна и порано целата операција веќе сме при крај. Од 35 речиси 30-тина сали се целосно завршени, а останатите пет сали се во фаза на работа. Од останатите 145 сали во Министерството за образование и наука, 21 се целосно завршени и пуштени во употреба, на 21 се работи во моментот и осум од нив ќе бидат готови до Нова Година“, рече Груевски.

Проектот, како што посочи премиерот, е во тек и голем број на сали се веќе завршени.

„Многу градови и многу училишта добија спортски сали. Тоа е од корист и за професорите и за наставниците и за учениците, а и за сите што живеат во тоа мало или во таа општина. Честопати во некое мало, населба, па дури и во некои општини немаше спортски сали. Сега тие општини имаат спортски сали на радост на учениците, на наставниците, на рекреативците и на спортските клубови“, нагласи Груевски.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска