Осум невработени лица ангажирани за општо корисна работа во Гевгелија

Од:

Во општина Гевгелија денеска почна реализацијата на проектот за општо корисна работа за чија реализација на локалната самоуправа од страна на УНДП и беа одобрени средства за работно ангажирање на осум невработени лица.

– Меѓу осумте времено ангажирани лица, двајца се социјални работници, а шестмина се среднисти. Наредните шест месеци тие работно ќе бидат ангажирани по 20 часа неделно со паричен надоместок и осигурување, велат од општината.

Времено ангажираните во проектот за општо корисна работа по четири часа дневно ќе асистираат при пружање помош на деца со попреченост во Дневниот центар за лица со пречки и Центарот за деца со попреченост „Мајка Тереза“ во Гевгелија. Покрај ова, тие ќе одат во посета на стари и изнемоштени лица на кои исто така ќе им помагаат.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно