Осум месеци затвор за кавадарчанецот кој му се закануваше на градоначалникот Јанчев

Од:

Осум месеци затвор доби човекот кој преку социјалните мрежи му се закануваше на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев. за пресудата информираше Основниот суд од Кавадарци.

– Основен суд Кавадарци известува дека денес, 22.09.2022 година по одржаната главна јавна и усна расправа по Кривичниот предмет К.бр.191/22 спрема обвинетиот З.Б. од Кавадарци за кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од КЗ, судот донесе пресуда со која обвинетиот го огласи за виновен и му изрече казна затвор во траење од 8 месеци се вели во објавата од кавадаречкиот суд.

Кавадарчанецот во коментар на социјалните мрежи за Јанчев напиша „нема да умре од болест или старот“.

Би можело да ве интересира

Јанчев: По трет пат Кавадарци избра работа, чесност и резултати

Кавадарци организираше прием за претставници од Федерацијата на Европските карневалски градови

А1он

Јанчев: Подметнат е пожарот на локалитетот Мушов Гроб

Горан Наумовски

Двајца мажи од Росоман му се заканувале на Митко Јанчев и на неговото семејство

Горан Наумовски

Митко Јанчев пријави во полиција дека му се заканува сограѓанин

Отворен Ски центарот ,,Михајлово”