Осум лица повредени во сообраќајка на три возила кај Желино

Од:

Осум лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајната несреќа на три возила што вчера околу 16 часот се случила на наплатната рампа Желино на автопатот Скопје-Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци во сообраќајката учествувале „БМВ“ со тетовски регистерски таблици што го управувал тетовецот Х.И.(37), „Хонда џез“ со српски таблички управувана од Ј.Т.(40) од Панчево, Србија и „Фолсгфаген пасат“ со скопски таблички управуван од М.Ш.(40) од скопско Ласкарци.

Во судирот со тешка телесна повреда – фрактура на десно рамо се здобил возачот на „БМВ“-ето, а со телесни повреди завршиле и двајцата други возачи како и пет сопатници од трите возила меѓу кои и две деца.

Сите повредени со возила на Брза помош биле пренесени во тетовската Клиничка болница и по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. По овластување на јавен обвинител бил извршен комплетен увид и се утврдува причината за несреќата и околностите во кои се случила. – Првично причина за оваа сообраќајка е неприлагодена брзина според условите на патот, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште