Осум дена притвор за 33-годишник од тетовска Голема Речица осомничен за изнуда на пари

Од:

Судија во претходна постапка при Основен суд Тетово определи мерка притвор за 33-годишник од тетовска Голема Речица кој во понеделникот беше приведен поради пријава за изнуда на пари.

Според информаците од тетовската полиција определен е осум дневен притвор за осомничениот З. Д. (33) од Голема Речица кој ќе биде спроведен во КПУ Затвор Скопје.

СВР Тетово претходно информираше дека по преземени мерки било утврдено дека од средината на јануари 2023 година, З. Д. во неколку наврати изнудил вкупно 18.630 евра од лице од Тетово, уценувајќи го дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина.

– Според пријавеното, З. Д. во неколку наврати го организирал примопредавањето на парите преку такси возач во Тетово. Имено, тој му се јавувал на оштетениот и му кажувал да ги предаде парите на возачот кој подоцна му ги доставувал нему, информираа од СВР Тетово.

Истото било направено и во текот на вчерашниот ден, при што биле затекнати од полициски службеници при примопредавање на парите.

Би можело да ве интересира

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски