ВИДЕО: Осуденици ќе извршуваат општокорисна работа во ЈП на Град Скопје

Од:

Осудените лица на полесни кривични дела за кои е пропишана затворска казна под три години ќе извршуваат општокорисна работа во јавните претпријатија на Град Скопје. Со тоа почнува во пракса да се применува пробациската служба согласно Законот за пробација донесен во 2015 година.

За таа цел денеска беше потпишан меморандум за соработка меѓу Град Скопје и Управата за извршување на санкции, а дополнително ќе бидат потпишани меморандуми за соработка и со јавните претпријатија кои се под надлежност на Градот.

– Градот Скопје со дел од своите јавни претрпијатија и културни установи се вклучува во создавањето на услови за примена на механизмите за хуманизирање на казнувањето. Притоа, сторителите на полесни кривични дела за кои е пропишана казна затвор под три години и парична казна ќе добијат втора шанса што ќе се регулира со намалување на затворската популација, истакна градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов по денешното потпишување на меморандумот.

Од Управата за извршување на санкции оценуваат дека со ова во пракса почнува да заживува пробациската служба.

– Овој денешен чин е исклучително важен за заживување во пракса на пробациската служба затоа што Законот за пробација е донесен уште во 2015 година, а во 2016 година е со одложено дејствие, но до ден денешен тоа во пракса не функционира. Со склучувањето на договорот со градоначалникот на Град Скопје сметам дека судиите дополнително ќе се охрабрат и ќе видат дека тоа може да заживее во пракса и веќе во следниот период да имаме случаи на практична реализација на општокорисната работа и другите мерки предвидени со пробациската служба, истакна директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Стојановиќ.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан