Осуда за дискриминацијата и сексуално оцрнување на новинари од страна на „Вечер“

Од:

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, најостро го осудува дискриминаторското однесување на весникот „Вечер“, како и продолжувањето на хомофобичната кампања, овојпат против новинарите.

„Во непотпишаниот напис „Има ли хомосексуалци меѓу новинарите?!“ , „Вечер“ е злоупотребен не само за пресметка со личности-колеги, туку и за свесно поттикнување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација, за вознемирување на маргинализирана група, за понижувачко постапување и повреда на достоинството на група лица, за сензационалистичка повреда на правото на приватност, за виктимизација на новинари кои јавно ја осудиле хомофобијата, и за поттикнување на говор на омраза од страна на читателите (преку коментарите)“, стои во реакцијата.

Во дискриминаторскиот напис, „Вечер“, велат, се обидува да изложи на јавен срам новинари, наводно, затоа што се истакнале во кампањата за „геј (сексуална) парада во Скопје“. Покрај неоснованите напади и обиди за сексуално оцрнување на новинари кои „забележително имаат отпор кон жените“, „Вечер“ упатува покана и до читателите: „да ни посочат имиња на новинари кај кои забележале вакви појави и евентуално да ни пренесат нивни искуства“.

Практично, „Вечер“ започнува да прави листа на „новинари-хомосексуалци“, објавувајќи фотографии на тројца новинари, со повик до читателите да се придружат во составувањето на таквата листа: „Листата е отворена, повелете придружете се“. Со ваквата покана, со умисла, „Вечер“, реагира коалицијата, ги поттикнува читателите да прават кривични дела, односно, да ја повредуваат сексуалната приватност на новинарите, со изнесување лични прилики преку средства за јавно информирање.

Со жалење констатираат дека сензационалистичкиот дискриминаторски напис „Има ли хомосексуалци меѓу новинарите?!“ предизвика повеќе медиумско внимание, отколку жалната вест дека Македонија забележа пад од цели 84 места (во последните 4 години), на индексот за слобода на печатот на „Репортери без граници“.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on