Остануваат уште 500 бесплатни билети за 4. појадок на мост

Од:

Град Скопје досега додели околу 2 000 бесплатни билети за граѓаните на Скопје, што в недела, на 22. септември, ќе присуствуваат на традиционалната Манифестација „Појадок на мост 2013“.

Преостанатите петстотини бесплатни билети, граѓаните можат да ги подигнат лично, со документ за идентификација, на пултот поставен пред градската кафеана „Пелистер“, најдоцна до четврток, 19.09.2013 година.

Пунктот на плоштадот Македонија е поставен од 10 до 15 часот, а на 22-ри септември настанот ќе почне во 9 часот наутро и ќе заврши во 11 часот.

Секој посетител кој има обезбедено билет ќе добие бесплатен ланч пакет и пијалак, обезбедени од нашите донатори. Земајќи го предвид големиот интерес за овој настан, а заради специфичноста на просторот на кој се организира, Градот Скопје годинава настанот ќе го организира на два моста, Камениот мост и мостот Око, а бројот на посетители е ограничен на 2 500.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош