Продолжува досегашниот систем на сметање на времето и викендов со поместување на стрелките на часовникот за еден час назад ќе почне зимското сметање.
Од Владата информираат дека анализите подготвени од Министерството за економија покажале дека треба да остане доглогодишниот системот за промена на времето. Постоеше можност да прдолжи да се користи летното сметање на времето, но од Владата инфромираат дека анализите сепак покажале дека треба да се прдолжи со системот на зимско сметање на времето.
Со промената на времето се добива повеќе дневна светлина во утрата, но и порано стемнување попладне. Летното сметање на времето за првпат е воведено во Германија во 1916 година, со цел работниот ден да се одвива што подолго додека е ден. Требало да се заштеди на струја, а другите држави го следеле примерот.