Останати се помалку од 5.000 вакцини за прва доза, неделава се очекуваат 70 илјади од Бугарија и Грција

Од:

Во земјава се останати нешто помалку од 5.000 дози вакцини наменети за граѓаните кои треба да примат прва доза. Сите останати се за оние кои што треба да примат втора доза, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Сега имаме уште нешто помалку од 5.000 вакцини кои се распределени да се даваат во новоотворените пунктови, во сите други се прави ревакцинација. Оваа недела треба да дојдат 70 000 вакцини – 50 000 од Бугарија и 20 000 од Грција, најверојатно вакцини на „Астразенека“. Сè уште немаме потврда за типот на вакцини. И тоа што редовно доаѓа секој понеделник од вакцините на ’Фајзер‘, како и тоа што го очекуваме е големата количина на вакцини од Кина за кои сè уште немаме точен датум. Најавата беше дека ќе биде на почетокот на јуни“ – вели Филипче.

Тој посочи дека епидемијата спласнува, меѓутоа апелира граѓаните да останат внимателни.

– Маската е добар механизам. Се тргнува и забраната за групирање. Меѓутоа, добро е да се има предвид, да се има при рака, ако има групирање макар и надвор иако е топло, да може да користи. Истото тоа важи и за собирите дома, сите граѓани треба да се свесни дека имаме сега стабилна ситуација меѓутоа навистина никој не може да предвиди не само ние, туку каде било во светот како понатаму ќе се одвива понатаму епидемијата. Ние ги пратиме сите трендови кај нас во околните земји и така согласно тоа ги даваме препораките, додаде Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по настанот на армискиот полигон „Криволак“, каде беше организиран Ден за високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Ацо Велковски е човек со дела зад себе, победата во Лозово е на дофат

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ со поголема Коалиција изгуби 140.000 гласови и тоа е сериозен политички сигнал

Филипче од Јакреново: Таму каде што СДСМ има градоначалници, има резултати

(ВИДЕО) Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните

Горан Наумовски

Мицкоски: Филипче со контрадикторни изјави, ако е краток периодот да се цени неговата работа во СДСМ тогаш е краток и за да се цени работата на Владата