А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Основното јавно обвинителство – Скопје предложи мерки на претпазливост за 13 лица вработени во Агенцијата за катастар на недвижности

by А1он01/07/2016 - 11:43212
Share0

Основното јавно обвинителство – Скопје, оформи предмет поради постоење на основано сомневање дека 13 лица од Скопје, вработени во Агенцијата за катастар на недвижности сториле кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување по чл.353 од Кривичниот законик.

Добивај вести на вибер

Пријавените во временскиот период од 01.01.2013 година до 16.03.2016 година, во својство на катастарски службеници – референти за шалтерско и архивско работење, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, прибавиле за себе противправна имотна корист.

Имено, при приемот на пријавите – барањата од странки, наплатата на надоместокот (административната такса) ја вршеле за парични средства во готово при што ги убедувале странките дека им помагаат со тоа што надоместок тие лично ќе го платат преку нивните лични платежни картички. Осомничените веднаш по направеното плаќање со платежните картички преку постерминалите вршеле сторнирање на направените трансакции, а кон примените пријави – барања од странките го приложувале веќе испечатениот „слип” – потврда за извршено плаќање, како доказ дека административната такса е наплатена и предметот го пуштале во понатамошна процедура. Добиените парични средства во готово ги присвојувале за себе и притоа се стекнале со противправна имотна корист во износ од 1.883.433,00 денари.

​Со оглед на тоа што за непречено водење на кривичната постапка е потребно да се обезбеди присуството на осомничените, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување на мерки на претпазливост и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето; обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање на определени работни активности што се поврзани со кривичното дело, предвидени во член 146 ст.1 т.1, 2, 3 и 7 од Законот за кривична постапка, информираат од ОЈО.
​

katastarojo

Би можело да ве интересира

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Горан Наумовски27/03/2026 - 12:19

Савески: Секој предмет ќе добие институционален епилог

Горан Наумовски27/03/2026 - 12:16

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа

Горан Наумовски20/03/2026 - 11:38

Обвинителството започна истрага против скопјанец кој со пиштол се обиде да си ја убие сопругата

Горан Наумовски07/03/2026 - 11:26

ОЈО бара притвор за тројца од четворицата осомничени за поседување нелегално оружје во Брвеница

А1он30/01/2026 - 18:17

Обвинение за 13 полицајци за пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он30/01/2026 - 17:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто