Основните училишта во општина Новаци подготвени за новата учебна година

Од:

Основните училишта во општина Новаци подготвени се за стартот на новата учебна година. Според градоначалникот Лазар Котевски, реконструирани се повеќе училишта, уредени се дворните места, а во ЦОУ „Славко Лумбарковски“-Новаци, за прв пат по подолго време ќе учат 26 првачиња.

– Новата учебна година започнува в понеделник, на 4 септември, а во општина Новаци привршуваат последните подготовки околу средување на училиштата, дворните места и просториите за изведување на настава. Ги средуваме училниците, варосуваме, ставаме нов мебел. Во централното основно училиште „Славко Лумбарковски“ за прв пат школувањето ќе го почнат 26 првачиња, истакна Котевски.

Од општина Новаци информираат дека деновиве се врши расчистување на просторот и отстранување на стариот руиниран објект во дворот на ЦОУ „Славко Лумбарковски“-Новаци, и на негово место ќе се гради еколошко едукативен парк за настава во природа т.е. еко паркче.

– Во завршна фаза се и подготовките за старт на новата воспитно учебна година во Центарот за ран детски развој „Бамби“ во Новаци за кој е во тек е постапка за пренамена во детска градинка, потврди Котевски.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска