Основниот суд Скопје два со зголемен број новопримени, но и решени предмети

Од:

Во Основниот суд Скопје два во 2017 година бил зголемен бројот на новопримени предмети, но исто така и решени се поголем број предмети.

Во денешното соопштение Судот информира дека минатата година имале 60.091 предмети од кои 14.966 се пренесени од претходните години, 1.676 се повторно во работа, а 75 се погрешно заведени.

Новопримени се 43.524 предмети што претставува зголемување во однос на 2016 година кога имало 41.482 новопримени предмети.

Од вкупниот број предмети во 2017 година, решени се 47.076 предмети што е за 5.697 предмети повеќе во однос на 2016 година кога биле решени 41.379 предмети.

– Анализата на вкупните податоци покажува дека Судот, во текот на извештајната година, го совладал приливот и го намалил заостатокот на нерешени предмети од претходните години и тоа со само 66 судии, покрај претседателот на судот, што е за 10 судии помалку во однос на утврдените 77 судиски места во Основниот суд Скопје два Скопје, велат од Судот.

Оттаму им го честитаат Денот на правосудството на сите вработени во правосудните органи.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски