Основни бои – хроматско патување низ улицата Шарпланинска

Од:

Во рамки на Бела ноќ 2012, во сабота, ќе се реализира целовечерен мултимедијален настан под име Основни бои (Primary Colors).

Светот е заситен со боја, од меки нијанси, до најтемните дамки. Како нешто толку нематеријално прави таков висцерален удар врз нас? Одговорот на овие прашања го бара Основни бои, мултимедијално случување кое ќе се одвива долж улицата Шарпланинска во Старата Скопска Чаршија.

Посетителите ќе имаат можност да одат на т.н. хроматско патување низ оваа улица, преку фотографии на македонскиот мултимедијален уметник Бојан Кртолица кои се направени во периодот од 2005 до 2012 година, на неговите патувања низ светот.

На улицата дополнително ќе се интервенира со светлосни ефекти и сценографија, за да се потенцира идејата на изложбена галерија под отворено небо. За музичкиот дел ќе бидат одговорни македонските диџеи Дарко Јорданов и Ивана Драгшиќ.

Концептот и дизајнот на настанот се на Ива Галевска (дизајнерка) и BAIKA (студио за визуелни комуникации) од Скопје.

Настанот започнува во 22 часот и ќе трае до 04 часот.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан