Основците ќе учат од преведени британски учебници

Од:

Учебници за основно образование ќе се преведуваат од Велика Британија зашто, според анализите, тие во целина се најдобри во Европа за преземање и нивно користење од македонските ученици, иако одделно има квалитетни учебници и во скандинавските земји.

Премиерот Никола Груевски рече дека ќе бидат преземени учебниците од кои може да се пресликаат сите најдобри практики и искуства кои во нив ги вложила Велика Британија и меѓународно докажани стручни лица. Најпрво од областа на техничките науки, а во втора фаза и за општествените науки зашто предметите за национална историја, географија и мајчин јазик содржат специфики за државата.

– Ќе побараме дозвола од авторите и ќе ги откупиме правата. Правиме добар чекор, тоа ќе биде квалитетно подобрување на македонските учебници и нашите деца ќе може да учат од најдобро подготвени учебници во Европа, изјави Груевски во Куманово, по почетокот на градежните работи за ревитализација на пругите од Коридорот 10

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска