Осмасни – Манжин: Македонија нема друга алтернатива освен евроатлантската интеграција

Од:

Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, а Македонија нема друга алтернатива освен евроатлантската интеграција, заклучија на денешната средба заменик-претседателот на Владата Бујар Османи и директорката за континентална Европа при француското министерство за надворешни работи Флоренс Манжин.

– Изгубивме премногу време пред вратите на ЕУ и тоа лошо се одрази на состојбите во Македонија. Сакаме да ја искористиме оваа можност, овој нов моментум кој влева оптимизам во земјава и кај земјите-членки на Унијата, и да испорачаме резултат. Ќе ја вратиме довербата на граѓаните во институциите, ќе го зајакнеме владеењето на правото и повторно ќе ги увериме меѓународните партнери за нашата вистинска цел која води во патот на кон ЕУ, истакна Османи на средбата.

Според него, Франција е многу важна земја – членка на Унијата и од исклучително значење за успешното интегрирање на земјите од Западниот Балкан во ЕУ. Во таа смисла поддршката што новиот претседател на Франција, Емануел Макрон, ја дава за проширувањето на Европската унија, влева силен поттик за реформските процеси во Македонија, но влева оптимизам и кај останатите земјите од Западниот Балкан.

Вицепремиерот, како што соопшти неговиот Кабинет, ја нагласил одличната и блиска соработка на Македонија со Франција во однос на имплементацијата на потребните реформи поврзани со евроинтегративниот процес и побарал поддршка за обезбедување конкретни чекори од страна на земјите-членки на Унијата кои, како што рекол, би претставувале исклучително важен поттик за зачувување и засилување на фокусот кон евроинтегративните процеси.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

(ВИДЕО) Старата скопска чаршија е нашата гордост, таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој, вели Османи

Горан Наумовски

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

Чаирчани се на „чисто“, ќе бираат помеѓу чесноста на Османи или корупција на Меџити, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Влен: Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Ахмети и Османи

Горан Наумовски