Османи-Вуцас: Фокусот на новиот реформски план е самитот на ЕУ догодина

Од:

Перспективите за европската интеграција на Северна Македонија беа главна тема на разговорите на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи со новоименуваниот австриски амбасадор Георг Вуцас.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Османи го запозна Вуцас и со новиот реформски план, кој е предвидено да се имплементира до март идната година, во пресрет на европскиот самит на Унијата.

– Австрија повеќе пати ја има покажано поддршката за зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ, овде ќе потсетам пред сè на заложбите во текот на австриското претседателство со Унијата, како и силната поддршка на Берлинскиот процес, и секако, за нас можеби и најзначајно во овој период е австриската поддршка и придонес кон заедничкиот нон-пејпер за подобрување на процесот на проширување, истакна Османи.

На средбата се разговараше и за билатералните односи помеѓу двете земји во областа на европските интеграции за поддршка на земјава во текот на преговорите со ЕУ, при што е истакнато дека австриската поддршка е една од најдобро насочените и најдобро управуваните технички и финансиски поддршки кои ги добива Северна Македонија, а беа разгледани и можностите за нејзино унапредување, особено во претстојниот период.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски