(ВИДЕО) Османи: Врв на несериозноста е опозицијата да ги спречува реформите во правосудството

Од:

Не доцнат реформите, доцнат неколку закони во делот на правосудството. Не доцнат поради законот за јазици, туку зошто опозицијата не е во законодавниот дом, рече денеска вицепремиерот Бујар Османи.

„Моите информации се дека има прогрес во делот на усогласување на законите во делот на правосудството. Апсолутно, законот за јазици не беше пречка за носење на другите закони. Опозицијата сметаше дека не треба да се донесе законот за заштитени сведоци и слично, во последно време имаме најави дека опозицијата ќе ги спречи реформите во правосудството ако се изгласа законот за јазици, а тоа е врвот на несериозност. Изјавата да се собереме моноетнички за да спречиме нешто од рамковниот договор е страшна“, кажа Османи во однос на најавите на најголемата опозициска партија.

Вицепремиерот подвлече дека Владата има одлучено што сака да постигне на крајот од мандатот, а тоа, како што рече, е Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО.

„Нема да направиме компромис со овие цели и со плановите кои сме ги поставиле за постигнување на истите, а новата структура на ВМРО-ДПМНЕ не смее на овој начин да подига меѓуетнички тензии“, изјави Османи.

Би можело да ве интересира

Косовско МНР: Недостоинствен однос кон Османи на скопскиот аеродром

Османи: Владата која што доаѓа нема одговорност кон Преспанскиот договор, но има обврска да го почитува

Горан Наумовски

Османи: Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет

Горан Наумовски

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

A1on

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции